|
“Упатства“ за подобар живот |
|
Сакате да бидете среќни, исполнети, задоволни од својот живот? Постои изрека дека никогаш не се знае што ни носи утрешниот ден – затоа...
...научете да уживате и да го цените секој момент кој нема никогаш да се врати назад.
Ова се неколку кратки “упатства“ за подобар живот:
1. Секој ден шетајте 10 до 30 минути.
2. Седете во тишина најмалку 10 минути.
3. Спијте 7 часа.
4. Живејте со полна енергија.
5. Прочитајте повеќе книги од минатата година.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Најдобар начин да се развеселиш е да се обидеш да развеселиш некој друг. – Mark Twain
Колку прекрасен живот сум имала! Ах како не го увидов тоа порано! – Colette
Луѓето по различни патишта бараат исполнување и среќа. Само затоа што не се по твојот пат, не значи дека се изгубиле. – H.Jackson Browne
Луѓето се толку среќни колку што ќе решат да бидат. – Abraham Lincoln
Забораваме дека среќата не доаѓа како последица од добивање на нешто што го немаме, туку како последица на препознавање и ценење на нешто што го имаме. – Frederick Keonig
Никогаш не е предоцна да се има среќно детство. – Berke Breathed
Ако сакаш да бидеш среќен, тогаш биди. – Лав Толстој
|
|
Повеќе...
|
|
Hајдобра фотографија'' Охрид 2009'' |
|
|
Почитувани
Ве информираме дека изборот за најдобра фотографија'' Охрид 2009'' заврши на ден 01-04-2010година. Со помош на Вашите гласови а воедно и со гласовите на стручно жири од 72 пристигнати фотографии избравме три најдобри и тоа:
- Залез
- Убавините на Охрид 5
- Убавините на Охрид 9

Сликите може да ги погледнете во полето "Галерија".
Ви благодариме на учеството.
|
|
|
Целта на нашиот живот е да бараме среќа. Се чини дека тоа има смисла, и западните мислители од Аристотел до Вилјем Џејмс се согласуваат со оваа идеја. Но, дали животот заснован врз барањето на лична среќа не е по природа себичен, па дури и саможив. Не мора да е така. Всушност, многубројни истражувања покажале дека несреќните луѓе се оние што обично се свртени кон самите себеси и дека честопати се повлекуваат од општеството, замислени, дури и непријателски расположени „Верувам дека единствена цел на нашиот живот е да бараме среќа. Тоа е јасно. Дали некој верува во религија или не, дали некој верува во ова или онаа религија, сите ние бараме нешто подобро во животот. Значи, јас сметам дека самото движење на нашиот живот е насочено кон среќата... Со овие зборови, изговорени пред голема публика во Аризона, Далај Лама премина директно на срцевината на неговата порака. Но, неговото тврдење дека целта на животот е среќата поттикна едно прашање во мојот ум. Подоцна, кога бевме сами, го прашав „Вие, среќен ли сте?“ „Да“, рече тој. Подзастана, а потоа додаде. „Да...дефинитивно“. Во неговиот глас постоеше тивка искреност што не оставаше простор за сомнеж - искреност одразена во неговиот израз на лицето и во неговиот поглед.
|
|
Повеќе...
|
|
Среќа: Во потрага по дефиниција |
|
Потрагата по среќа е стара колку и човештвото. Што е среќа, дали се мери, дали може да се научи? Еве што досега открија биолозите, социолозите и психилозите. Тал Бен Шахар одоколу стигна до среќата. Она што заврши во амфитеатарот на Универзитетот Харвард, почна поради неговите фрустрации на сквош-турнирите. „Секогаш мислев, ако го освојам следниот турнир или голем натпревар, ќе бидам среќен. Секогаш кога тоа ќе се случеше бев среќен, но не повеќе од два-три дена или една недела. Потоа повторно се враќав на истото ниво. На крајот ми стана јасно дека она што доаѓа од надвор не ме прави среќен, или, пак, ме прави многу малку среќен. Тал Бен Шахар студирал психологија и се специјализирал за истражување на среќата. Со тоа не се усреќи само себеси, туку и многу студенти. Неговите предавања се меѓу омилените на Харвард. „На првото предавање требаше да имам 8 студенти. Двајца не дојдоа, па имав само шестмина. Следната година, сосема неочекувано, имав 300 студенти. Третата година – скоро 900. Предавањето стана толку популарно, затоа што студентите им раскажуваат на своите пријатели или цимери дека преку него станале посреќни“. Позитивна психологија
|
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 Следно > Крај >>
|
|
Лист 1 од 2 |